свет, Коронавирус

Премиерката на Нов Зеланд ги нарече „глупави“ тие што не ги почитуваат мерките за Ковид-19

„Бројката на смртни случаи и заразени е многу помала во споредба со другите земји. Да, ние имавме предност затоа што сме далеку...“

Recep Şakar  | 05.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Премиерката на Нов Зеланд ги нарече „глупави“ тие што не ги почитуваат мерките за Ковид-19

МЕЛБУРН (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, ги нарече „глупави“ тие што не ги почитуваат мерките за делумен полициски час во земјата, воведени со цел да се спречи ширењето на новиот вид коронавирус Ковид-19.

Премиерката Ардерн и шефот на Одделот за јавно здравје при Министерството за здравство, Ешли Блумфилд, на заедничка прес-конференција се осврнаа на нивната борба против Ковид-19.

Истакнувајќи дека е горда на оние што го почитуваат делумниот полициски час, Ардерн истакна дека некои луѓе сè уште ги кршат правилата.

Ардерн, реагирајќи за оние што не ги почитуваат мерките, рече: „Можам да ги опишам како глупави на најљубезен начин.“

Како што истакна Ардерн, еден од нив е лицето што намерно кашлаше врз луѓето во супермаркет во градот Крајстчрч.

Д-р Блумфилд на прес-конференцијата истакна дека едно лице починало во земјата поради вирусот, дека има 1.039 случаи и дека од коронавирусот закрепнале 156 лица.

Наведувајќи дека се во подобра состојба од земјите во слична позиција, благодарение на мерките што ги преземаат, Ардерн нагласи: „Бројката на смртни случаи и заразени е многу помала во споредба со другите земји. Да, ние имавме предност затоа што сме далеку. Мерките како што се затворање на границите и полицискиот час беа ефективни.“

Полицискиот час во Нов Зеланд се применува од 25 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.