Hikmet Faruk Başer
23 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - ХИКМЕТ ФАРУК БАШЕР –
Мустафа Јавуз, заменик-муфтијата на Истанбул, истакна дека Џамијата „Аја Софија“ беше домаќин на повеќе од 3 милиони посетители во првата година од нејзиното отворање за богослужба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за АА, Јавуз потсети дека Џамијата „Аја Софија“ е повторно отворена за богослужба на 24 јули минатата година.
Истакнувајќи дека граѓаните покажаа голем интерес за џамијата по нејзиното повторно отворање, Јавуз рече: „Граѓаните ја посетија џамијата без никаков проблем, под водството на службените лица во џамијата, во согласност со правилата утврдени поради епидемијата на коронавирусот.“
Посочувајќи дека оваа џамија го носи печатот на татковината на исламот во Турција и Истанбул, Јавуз рече дека таа е едно од важните места и храмови на земјата и на целото човештво.
Подвлекувајќи дека Џамијата „Аја Софија“ е заедничка вредност на целото човештво, Јавуз додаде:
„Вредноста што ја носи предизвикува луѓето да доаѓаат овде. Имаше голем интерес за „Аја Софија“ во првата година од нејзиното отворање. Имаше и национални и меѓународни посети на џамијата уште од првиот ден од нејзиното отворање. Немавме никакви проблеми при овие посети. Посетителите во џамијата ги почитуваа мерките преземени против епидемијата. Џамијата во текот на неделата ја посетуваа 5.000 луѓе дневно. За време на викендите бројот на посетители беше зголемен на 12.000. Џамијата беше домаќин на над 3 милиони посетители во првата година од отворањето. Овој број ќе се зголеми уште повеќе откако ќе заврши пандемијата.“
Тој истакна дека во периодот на пандемијата граѓаните покажале голем интерес за клањање во џамијата.
„Во џамијата има 170-200 луѓе на утринска молитва, 1.200 - 1.500 на пладневниот и намазот икиндија, 750 - 800 во акшам намаз и 500 луѓе во намазот јација. Џамијата е целосно полна во петок, сабота и недела“, рече Јавуз, заменик-муфтијата на Истанбул