Etem Geylan
15 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, за терористичкиот напад во францускиот град Ница изјави дека целиот турски народ ја дели тагата со францускиот народ по терористичкиот настан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целиот турски народ ја дели тагата со францускиот народ по терористичкиот настан. Ќе соработуваме со француската Влада во борбата против тероризмот и уште еднаш изјавувам дека сме подготвени да ја обезбедиме нашата поддршка“, изјави Јилдирим.
„Целиот свет треба да го знае следново: правењето разлика во борбата против тероризмот, дека некои терористички организации се помалку грешни, а некои се невини, е најголема грешка. Оваа грешка се прави со години. Особено двојниот аршин на развиените земји секој изминат ден носи болни последици во светот“, истакна турскиот премиер.
Истакнувајќи ја важноста на соработката во борбата против тероризмот, Јилдирим изјави:
„Со цел да се спречат терористичките инциденти во регионот и во светот, потребна е поблиска соработка меѓу земјите, под водство на Обединетите нации. Знаеме дека оваа соработка, преку разузнавачки патишта, со споделување информации и преземање безбедносни мерки е од витално значење за да се стави крај на глобалниот тероризам“.