Etem Geylan,Emrah Güney
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим изјави денес на церемонијата на отворањето на третиот мост на Босфор, мостот „Јавуз Султан Селим" дека тој мост нема да му користи само на Истанбул, туку ќе го спојува човештвото и цивилизациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим зборуваше на церемонијата на отворањето на Мостот Јавуз Султан Селим, третиот мост на Босфор и најширокиот мост на светот.
„Овој мост нема да користи само на Истанбул. Овој мост ќе користи на сите патувања на историскиот Пат на свила, кој почнува од Далекиот исток и Кина па се до Лондон. Овој мост е едно од најубавите издание кое го поврзува човештвото и ја спојува цивилизацијата, порача турскиот премиер,” Бинали Јилдирим.
Јилдирим рече дкеа мостот од утре ќе биде отворен за користење.
„Сите камиони, автобуси, шлепери кои сега преминуваат преку мостот Фатих Султан Мехмет, од утре нема да влегуваат во градот,” изјави Јилдирим.
Се осврна и на обидот за државен удар на 15 јули и рече дека со целото битие ќе се бори за да Турција дојде на ниво на најсовремените цивилизации.
За иднината на нашите граѓани ќе се бориме со целото битие, за нашата држава да дојде на ниво на најсовремените цивилизации. Оваа земја никогаш нема да ја препуштиме ниту предадеме на сепаратистите и пучистите", рече Јилдирим.
На церемонијата се обрати и претседателот на Големото народоно собрание на Република Турција Исмаил Кахриман.
„Колку Турција повеќе се развива и продолжува со вакви проекти, се обидуваат оваа земја да ја спречат во нејзините настојувања. Во многу блиско минато доживеавме еден црн ден, но за помалку од 20 дена го надминавме тој црн ден. Ако даде господ, повеќе нема да има такви црни денови", порача претседателот на парламентот на Турција Исмаил Кахраман.
Церенонијата на отворањето на мостот кој е наречен по османлискиот султан од 16 век, започна со читање на дел од Куранот.
На церемонијата на отворање на третиот мост кој ги спојува европскиот и азискиот континент, односно истанбулските квартови Саријер и Појразкој, ќе присуствуваат претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на Парламентот на Турција,Исмаил Кахраман, началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, кралот Бахреин Хамед бин Иса ал-Халифе, претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинчи, бугарскиот премиер Бојко Борисов, заменик премиерот на Србија, Расим Љајиќ, поранешниот претседател Абдулах Ѓул, поранешниот премиер и турски парламентарец Ахмет Давутоглу, турски министри, бројни други официјални лица од сите делови на светот, како и голем број на турски граѓани.
Инаку, се работи за еден од најшироките мостови на светот, а воедно и најдолг висечки мост кој ќе има железнички систем. Вкупната должина на мостот е 2,1 километар, широчина 59 метри, висина на носечки столбови 322 метри и распон 1,408 метри. Мостот ќе има осум сообраќајни траки и две шини.
Се очекува третиот мост на Босфорот да заштеди 1, 75 милијарди долари годишно во смисла на трошоци на енергија и заштеда на време. Она што исто така го прави специфичен е фактот дека железничкиот систем се наоѓа на исто ниво на главниот дел на мостот.
За изградба на мостот, кој и покрај предвидените 36 е завршен за 27 месеци, се инвестирани три милијарди долари. Владата предвиде дека мостот дневно ќе го користат 135.000 возила.
Мостот ќе ги спојува истанбулскиот кварт Саријер на европскиот дел и квратот Појразкој на азискиот дел на Истанбул.
Турција во последниот период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се секако и мостот Османгази, мега проект кој е дел од автопатот со должина 433 километри кој ќе ги поврзува Ѓезбе, Орхангази и Измир.
Мостот познат и како „ Голден Гејт” е четвртиот најголем висечки мост на светот. Еден од најзначните проекти е и изградбата на третиот истанбулски аеродром кој ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде најголем на светот.