Faruk Zorlu
06 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, упати критики до австрискиот премиер Себастијан Курц за неговите изјави во врска со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција АНадолија (АА).
„Најголемата закана за Европската Унија и нејзините вредности е искривената идеологија претставена од Себастијан Курц“, порача Мевлут Чавушоглу преку Твитер.
Реакцијата на Чавушоглу уследи по изјавата на Курц, пренесена од „Еуроњуз“ (Euronews), во која вели дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги користи Турците во Европа за свои цели.
„Оваа грда политика заснована врз ксенофобија, расизам и исламофобија е болниот начин на размислување на нашето време“, подвлече Чавушоглу.