Турција

Шентоп: „Ерменија не само што е закана за Азербејџан, туку е непоправлива терористичка држава“

„Турција со сета своја сила ќе продолжи да стои до Азербејџан“, истакна претседателот на турското Собрание, Шентоп

Sinan Uslu  | 27.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Шентоп: „Ерменија не само што е закана за Азербејџан, туку е непоправлива терористичка држава“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, истакна дека Турција ќе продолжи да стои до Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шентоп на социјалните мрежи реагираше против нападот на Ерменија врз Азербејџан.

„Последните напади врз цивилите покажаа дека Ерменија не само што е закана за Азербејџан, туку е непоправлива терористичка држава и е единствена одговорна за последиците што ќе произлезат. Турција со сета своја сила ќе продолжи да стои до Азербејџан“, напиша Шентоп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.