Zuhal Demirci
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денес изјави дека Турција ќе издаде лиценца за сондажни истражувања во западниот дел на нејзиниот контитентален појас во источномедитеранскиот регион, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој ги даде овие изјави по прес-конференцијата одржана по неговиот состанок со азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов.
Чавушоглу рече дека турската администрација ја покажала својата добра волја во регионот каде тензијата е зголемена по откривањето на енергетските ресурси, со правење „привремени“ гестови во согласност со барањата на Германија и некои други европски земји.
Сепак, според турскиот највисок дипломат, на гестовите од Анкара не било одговорено од страна на грчката администрација и кипарските Грци, а Турција како реакција на тоа повторно ги активираше своите активности на сондажа.
„Ќе ги бараниме правата на Турција и кипарските Турци во Источниот Медитеран, и нема да правиме никакви отстапки“, изјави тој, додавајќи дека сеизмичките активности и активности на сондажа ќе бидат спроведени овој месец.