Турција

Чавушоглу: „Турција ќе го поддржи посредувањето на ЕУ во Источен Медитеран, доволно е да биде барем чесен посредувач“

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу: „Турција ќе го поддржува посредувањето на ЕУ во врска со енергетските ресурси во Источен Медитеран, доволно е да биде барем чесен посредувач

Dilara Hamit  | 06.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Чавушоглу: „Турција ќе го поддржи посредувањето на ЕУ во Источен Медитеран, доволно е да биде барем чесен посредувач“

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека доколку ЕУ има додатни одлуки против Турција, тогаш таа ќе биде принудена да одговори на тоа, предупредувајќи дека тоа нема да допринесе во изнаоѓање на решение, јавува Агенција Анадолија (АА).


Чавушоглу денес во Анкара се состана со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Џозеп Борел, а по состанокот е одржана заедничка прес-конференција.


Наведувајќи дека Турција има блиски односи со ЕУ, Чавушоглу изјави дека тие односи се ветувачки.


„Ветувањата дадени на Турција мора да се исполнат“, нагласи тој, потсетувајќи дека меѓу тие ветувања се ажурирање на Царинската унија и визна либерализација.


Чавушоглу изјави дека Турција исполнила голем број на критериуми и се соочува со ситуација во која ЕУ покажува флексибилност кон другите земји кои не исполниле значаен дел од критериумите.


„Не е правилно да се поставуваат нови услови и правила кога на ред ќе дојде Турција. ЕУ треба да ги исполни дадените ветувања“, порача Чавушоглу.


Тој нагласи и дека сакаат да видат позитивни чекори на ЕУ на подрачјата за кои ги дале своите ветувања и потсети дека Турција во последно време не се повикува на самити.


„ЕУ донесе одлуки со кои се забрануваат дијалог и контакти на високо ниво. Доколку ние ги спроведовме овие одлуки и кажавме тоа се ваши одлуки, тогаш почитуваниот Борел денес не би требало да биде тука. Доколку ние го продолжуваме овој дијалог и покрај одлуките на ЕУ, тоа е знак на наша добра волја, а не поради нашите потреби за ЕУ“, изјави Чавушоглу и продолжи:


„Сметаме дека сме потребни едни на други. Поради тоа ЕУ би требала да ги промени ваквите одлуки. Забележуваме дека Турција повторно ќе биде на дневен ред на состанокот на Комисијата, поради земјите како Франција. Донесувањето на одлуки против Турција нема да ги реши проблемите, додатно ќе ги продлабочи. Покажуваме потребна искреност. Доколку ЕУ има додатни одлуки (против Турција), ќе бидеме принудени да одговориме на тоа и ситуацијата ќе биде уште понапната. Сметаме дека тоа е бескорисно“.


Осврнувајќи се на прашањата за Источен Медатеран и Кипар, Чавушоглу изјави дека ЕУ ќе придонесе за решение на проблемот доколку има објективен посреднички пристап.


Во контекст на Либија, тој изјави дека Франција го поддржува нелегитимниот пучист Хафтар и му пружа секаква поддршка.


„Сега кога Хафтар изгуби на терен станаа агресивни и таа болка се обидуваат да ја ублажат преку Турција. Последен пат тврдеа дека постојат провокации во Источен Медитеран, меѓутоа докажавме дека тоа не е точно. НАТО исто така вели дека нема докази. Можеби НАТО и ЕУ не се во состојба да кажат, но ние велиме дека Франција не беше искрена, Франција отворено и јасно мора да ѝ се извини на Турција. Мора да им се извини на НАТО и ЕУ бидејќи ги донесе во заблуда“, заклучи Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın