Muhammet İkbal Arslan
13 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ГИРНЕ (АА) - Страната на кипарските Грци се обидува да ги разблажи преговорите за кипарското прашање со препакување и продавање на прашањата што ги донесоа на агендата како „чекори или мерки за градење доверба“, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу заедно со турскиот заменик-министер за надворешни работи Седат Онал и министерот за внатрешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Зија Озтурклер се сретнаа со кипарските Турци во местото Лапта кое се наоѓа во подрачјето на Гирне.
Чавушоглу рече дека кипарските Турци се „скапоцени“ за Туркије (Турција) и дека никогаш не ги оставила нив и ТРСК сами, а тоа нема да се случи ниту во иднина.
Истакнувајќи дека имал плодни средби со претставници на невладините организации во рамките на посетата на ТРСК, Чавушоглу додаде дека ќе се сретне со неговиот колега на ТРСК Тахсин Ертугрулоглу, претседателот на ТРСК Ерсин Татар и со преговарачкиот комитет за да ги оценат последните случувања на Кипар.

„Пред Кран Монтана рековме „последниот пат преговараме за федерацијата. После тоа има суверена еднаквост, а не политичка еднаквост. Значи дводржавно решение“, нагласи Чавушоглу.
Иницијативата во Кран Монтана, Швајцарија во јули 2017 година под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија заврши неуспешно.
„Две држави кои ќе живеат рамо до рамо можат да соработуваат меѓу себе на кој било начин. Ова е сосема природно. Ние работиме на тоа сите да го прифатат суверенитетот на кипарските Турци“, додаде Чавушоглу.
Истакнувајќи дека Турција ги предложила кипарските разговори 5+1 одржани во Женева минатата година, Чавушоглу рече дека тие исто така, на овие разговори јасно го изразиле својот став за дводржавно решение.

Кипар беше поделен на држава на кипарските Турци на север и администрација на кипарските Грци на југ по воениот удар од 1974 година од страна на Грција, проследен со насилство врз Турците на островот, по што интервенираше на Турција како гарант.
Статусот на островот останува нерешен, и покрај низата преговори со години наназад.