Meltem Bulur,Zuhal Demirci
17 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу порача дека Соединетите Американски Држави (САД) не се свесни кој им е вистински пријател, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД не знаат и не гледаат кој им е вистински пријател" рече Чавушоглу во обраќањето на затворањето на 10. по ред Конференција на амбасадорите која е одржана во Анкара.
Тој го критикуваше моменталниот начин на размислување кој го следат САД и нивната администрација.
„Можеме лесно да ги решиме проблемите со САД, но не и са нивниот моментален начин на размислување", рече Чавушоглу.
Нагласи дека Турција не направила никакви погрешни потези кон САД, додавајќи дека правниот систем треба да функционира без оглед кој се соочувал со оправдани обвиненија.
Истакна дека Турција не е таа која испраќа оружје на терористичките организации.
„Дали испраќање на илјада шлепери оружје на терористичката организација е спротивно на идејата на пријателство, или тоа е пак функционирање на правниот систем во Турција", порача Чавушоглу.
Додаде дека на американските соговорници безброј пати им рекол дека санкциите и притисоците кон Турција нема да функционират и дека воопшто нема да има потреба за тензии доколку ќе постои пристап на решавање на меѓусебни прашања во рамките на пријателските и правните рамки.
„САД мора да разберат дека овие работи не се како каубојски филм. Ние не играме, ниту снимаме каубојски филм. Се работи да две големи земји кои треба да имаат добри односи, но сепак ќе научиме меѓусебно да се почитуваме. Почитувањето не се постигнува со притисоци туку со пристап", рече Чавушоглу.
На крајот напомена дека не може да ја предвиди сегашната политика на САД, додавајќи дека таквата политика не ја поддржува ниту Европа.
„Ние не сакаме проблеми ниту со една земја. Никако не можеме да бидеме среќни затоа што имаме проблем со САД", рече турскиот шеф на дипломатијата.