Tuba Onğun
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Пристапот на Турција кон нејзините односи со Африка е стратешки и долгорочен, истакна денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на третиот Самит за партнерство Турција - Африка, Чавугоглу рече дека Истанбул е домаќин на 102 министри од Африка, од кои 26 се министри за надворешни работи.
„Како што е и темата на настанот „Засилено партнерство за заеднички развој и просперитет“, ние сакаме да тргнеме по овој пат на развој со африканските пријатели и да ја однесеме нашата соработка кон иднината“, истакна Чавушоглу.
Истакнувајќи дека тридневниот настан е фокусиран на здравствената заштита, образованието и земјоделството, Чавушоглу рече дека покрај заедничката декларација, на Самитот ќе биде претставен и акционен план за наредните пет години.
„Овој акционен план, кој ќе има пет главни теми, вклучува конкретни чекори во различни области како што се развојот, трговијата, индустријата, образованието, информатиката, жените, младината, инфраструктурата, земјоделството и здравството“, рече Чавушоглу.
Потсетувајќи дека Организацијата на туркиски земји донира вакцини против Ковид-19 на Буркина Фасо и Того претходно овој месец, тој рече дека Турција ќе работи на зајакнување на врските помеѓу организацијата и Африка.
„Ние во наредните денови ќе донираме 2,5 милиони дополнителни дози вакцини на различни африкански земји“, кажа Чавушоглу.
Забележувајќи дека Турција наскоро ќе започне со производство на нејзината прва локално произведена вакцина против Ковид-19, Турковак, Чавушоглу рече дека земјата ќе соработува со Африка на заедничко производство и испорака на вакцината.
„Турција ќе продолжи да ја поддржува Африка во борбата против тероризмот“, рече тој, додавајќи дека трајниот мир може да биде постигнат само преку политичка стабилност.
„Поради оваа причина, јас би сакал да истакнам дека ние сме против промена на избраните влади преку насилство“, додаде турскиот министер.