Ayşe Yıldız
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека посакуваат во Казахстан веднаш да се обезбедат стабилност, спокојство и мир, и дека како Турција и Организација на туркиски земји ќе даваат секаква поддршка во оваа насока, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу учествуваше на консултативниот камп на Партијата за правда и развој (АК Партија) одржан во Анталија.
Шефот на турската дипломатија потсети дека вчера биле убиени тројца турски војници во терористичкиот напад во подрачјето на Акчакале во Шанлиурфа.
„Од Бога посакувам милост за нашите шехиди. Упатувам сочувство до нивните семејства и до нашиот народ“, рече тој, додавајќи дека ќе работат дење и ноќе за неутрализирање на сите елементи кои претставуваат закана за нивната земја.
Турскиот министер се осврна и на настаните во Казахстан, и рече дека одблизу ги следат овие настани.
„Посакуваме во Казахстан веднаш да се обезбеди стабилност, спокојство и мир. Како Турција и Организација на туркиски земји ќе даваме секаква поддршка во оваа насока“, додаде Чавушоглу.