Турција

Чавушоглу: „Ние го отфрламе зборот 'осуда' на ЕУ во врска со Аја Софија“

„Во Шпанија има објекти кои се изградени како џамии и пренаменети во цркви. Сега и ние ли на Шпанија треба да ѝ речеме ‘претворете ги во џамии, ве осудуваме‘“

Ömer Tuğrul Çam  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Чавушоглу: „Ние го отфрламе зборот 'осуда' на ЕУ во врска со Аја Софија“

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу,  рече дека Турција го отфрла зборот осуда во изјавата на високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел, во врска со Аја Софија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу по средбата со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, одржаа заедничка прес-конференција.

„Ние го отфрламе зборот осуда. Во Шпанија има објекти кои се изградени како џамии и пренаменети во цркви. Сега и ние ли на Шпанија треба да ѝ речеме ‘претворете ги во џамии, ве осудуваме‘.“

Истакнувајќи дека на дневниот ред на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ била Турција, Чавушоглу рече дека трите земји, Грција, Јужен Кипар и Франција сакале Турција да биде вклучена во агендата на состанокот.

Чавушоглу рече дека Турција во Источниот Медитеран е подготвена за дијалог и соработка со сите. „Со дијалог можеме да ги решиме овие прашања. Ние сме за соработка и споделување, но сме против едностраното наметнување и санкции. Нема да потклекнеме на тоа. Имаме и решителност и добра волја, и во оваа смисла флексибилни сме за соработка.“

- „Ние го отфрламе зборот ‘осуда‘ на ЕУ во врска со Аја Софија“ -

Министерот Чавушоглу во врска со изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел за Аја Софија, рече:

„Како што реков претходно, Борел да речеше ‘Подобро ќе беше да не се отвореше‘, тоа ќе го почитував. Да речеше ‘Подобро да останеше музеј‘ и тоа ќе го почитував, но зборот ‘осуда‘ го отфрламе. Во Шпанија има објекти кои се изградени како џамии и пренаменети во цркви. Сега и ние ли на Шпанија треба да ѝ речеме ‘претворете ги во џамии, ве осудуваме‘. Покрај сè, тоа е прашање кое се однесува на суверените права на Турција.“

Наведувајќи дека Турција во однос на Аја Софија била конструктивна, Чавушоглу рече дека не е во ред пристапот на осудување на Турција.

Чавушоглу на прес-конференцијата истакна дека на денешната средба со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, разговарале за билатералните односи.

„Турција се најде на второ место во однос на инвестициите во Малта. Овие инвестиции ќе ги подржиме уште повеќе. Малта, значајните работи во градежниот сектор ѝ ги даде на Турција, бидејќи има доверба во турските компании. И во наредниот период ќе има слични проекти“, нагласи Чавушоглу.

Тој наведе дека со Бартоло разговарале и за регионалните теми нагласувајќи дека немаат различни мислења за регионалните прашања.

Посочи дека двете земји сакаат мир и стабилност во регионот, особено во Либија и Источниот Медитеран.

„Стабилноста на Либија е многу важна за Малта, дури и за Италија, исто така и за земјите на северот на Медитеранот, и на југот на Европа. Секој негативен развој таму ќе има големо влијание врз Малта. Затоа ја разбираме загриженоста на Малта, особено нелегалната миграција и тероризмот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.