Sultan Çoğalan,Nazlı Yüzbaşıoğlu
17 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во врска со преговорите за сириската криза во Астана, денеска истакна дека Турција го дели мислењето со Русија во врска со учеството на САД на престоечките преговори, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со челниците на Советот за високо образование на Турција (YOK) во Анкара, Чавушоглу изјави дека претставниците на Турција, Русија и Иран забрзано работат на изработка на документите за сакнциите за сите кои го кршат примирјето во Сирија.
„За жал, гледаме дека сеуште режимот и некои групи го кршат постигнатото примирје. Дури повремено се случуваат и воздушни напади", рече Чавушоглу, нагласувајќи дека сите страни треба да се однесуваат одговорно.
Истакна дека сеуште се разгледува кој ќе биде повикан на преговорите во Астана.
„Го делиме мислењето со Русија во врска со учеството на САД. Тука нема никакви проблеми. Моментално е речиси сигурно дека учество ќе земат ОН, Турција, Русија, Иран и САД. На овие земји ќе им бидат упатени покани. Од друга страна, во Астана нема да присуствува ЈПГ. Не можеме да прифатиме претставници на една терористичка организација да се најдат на преговарачка маса. Тоа нема да го дозволиме", рече Чавушоглу.
Нагласи дека ќе биде продолжена борбата против терористичките организации кои, како што рече, неретко делуваат здружено.
Планираниот состанок на функционерите на Турција, Русија и Иран во Астана, во Казахстан ќе бидат одржани на 23. јануари.