Nazlı Yüzbaşıoğlu
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки и оние на патот за членство во Европската Унија (Gymnich), што ќе биде одржан во Романија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Состанокот ќе биде одржан од 31 јануари до 1 февруари.
Од Министерството за надворешни работи на Република Турција е соопштено дека на состанокот во Букурешт би требало да присуствуваат и министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, како домаќин, и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.
Во соопштението се наведува дека состанокот нуди можност за разговор за последните случувања во надворешната политика.
Се додава дека е планирано да се разговара за заедничките интереси на членките на ЕУ и земјите што сакаат да бидат членки, мислења за иднината на одредени подрчаја, меѓу кои се Кина и Балканот, и патот на Турција кон членството во ЕУ
Чавушоглу со одредени колеги би требало да разговара за билатералните односи на Турција и земјите членки на Унијата.