Şerife Çetin
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анкара го прими кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во зградата на Министерството за надворешни работи на Турција се одржа состанокот меѓу Чавушоглу и Ванг, како и состанокот на делегациите на двете земји.
Чавушоглу пред состанокот истакна дека ова е многу значајна посета со која сакаат билатералните односи на двете земји да ги зголемат на ниво на сеопфатно стратешко партнерство.
Тој напомена дека состанокот на Механизмот за консултации на министрите за надворешни работи ќе биде одржан во наредниот период.
Чавушоглу и Ванг ја посетија и изложбата на фотографии која ја прикажува соработката на Турција и Кина во борбата против пандемијата на коронавирусот.