Zeynep Akyıl
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за храна, земјоделство и сточарство на Турција, Ахмет Ешреф Факибаба, денес во Анкара изјави дека верува оти неговата земја нема повеќе да увезува месо, јавува Anadolu Agency (AA).
Факибаба беше гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара, а во таа прилика зборуваше за актуелните прашања, меѓу останатото, и за увозот на месо во Турција.
„Не сакам да зборувам конкретно за времето, но Турција сигурно повеќе нема да увезува месо. Уверен сум дека ќе станеме земја која извезува месо“, порача Факибаба.