Özcan Yıldırım,Yeşim Sert Karaaslan
20 Ноември 2023•Ажурирај: 21 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Вкупно 61 пациент од Појасот Газа и нивните придружници со авион се префрлени од Египет во Туркије на лекување, јавува Анадолу.
Авионот А400М на Министерството за одбрана на Туркије, кој полета од аеродромот „Ел Ариш“ во Египет, слета на аеродромот „Етимесгут“ во Анкара.
Во авионот имало 61 пациент, 49 придружници и десет медицински работници.
Пациентите со возила на брза помош се префлени во градските болници Билкент и Етлик.
Минатиот четврток, 27 пациенти од Газа и 13 придружници исто така беа пренесени во Туркије од Египет.
Најмалку 13.000 Палестинци загинаа, меѓу кои 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 луѓе се повредени откако Израел почна да го бомбардира Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Илјадници згради, вклучително болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.
Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.