Ekip
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Од утре започнува традиционалното гласање за избор за најдобри фотографии на фоторепортерите на Агенција Анадолија за 2021 година, известува Агенција Анадолија (АА).
Фотографиите од фоторепортерите или дописниците на Агенција Анадолија кои имале влијание на турската и светската агенда се распоредени во три категории „вести“, „живот“ и „спорт“.
Изборот за најдобри фотографии во АА прв пат е одржан во 2012 година. Оваа година ќе може да се гласа за 67 фотографии што влегоа во потесен избор од повеќе од 825.000 фотографии од различни делови од светот, вклучувајќи ги Сирија, Палестина, Русија, Канада и Бразил.
Во категоријата „вести“ се наоѓаат 26 фотографии, во „живот“ 24 фотографии и во „спорт“ 17 фотографии.
Минатата година, речиси 395.0000 лица учествуваа во гласањето.
Овогодишното гласање ќе трае до 31 декември и фотографиите ќе бидат достапни за гласање на интернет-страницата „aa.com.tr/photooftheyear“.