АНКАРА (АА) - Во Турција утре ќе се одржат локални избори за избирање на локалните раководители кои ќе добијат мандат од 5 години, јавува Anadolu Agency (AA).
На утрешните избори околу 57 милиони гласачи ќе гласаат на 194.390 гласачки места.
Според одлуката на Високиот изборен совет на Турција (ЈСК), на овие избори ќе учествуваат 12 политички партии.

На овие избори, на кои учествуваат 12 политички партии и независни кандидати, ќе се избираат кандидати за градоначалници, претставници на локалната власт (мухтари), членови на општинските совети, членови на обласни генерални собранија, членови на селски комисии и селски собранија.
Според одлуката на ЈСК, во Адијаман, Агри, Артвин, Бинѓол, Битлис, Дијарбакир, Елазиг, Ерзинџан, Ерзурум, Газиантеп, Гиресун, Ѓумушхане, Хакќари, Карс, Малатија, Кахраманмараш, Мардин, Муш, Орду, Ризе, Сирт, Сивас, Трабзон, Тунџели, Шанлиурфа, Ван, Бајбурт, Батман, Ширнак, Ардахан, Игдир и Килис, гласањето ќе се одвива од 7:00 до 16:00 часот по локално време, додека во останатите градови и места гласањето ќе се одвива од 8:00 до 17:00 часот по локално време.
Болните лица или инвалидите ќе можат да гласаат на мобилни избирачки места. За време на гласањето забрането е да се влезе со какви било уреди за снимање и комуникација.
Гласовите не ќе може да се бројат пред затворање на процесот на гласање, односно пред 16:00 и 17:00 часот.
ЈСК ги комплетираше сите подготовки за одржување на локалните избори.
На денот на изборите, од 6:00 до 24:00 часот по локално време ќе биде забранета продажбата на алкохол, како и служење и пиење алкохол на јавните места.
Сите јавни забавни места како кафулиња, и местата за интернет-кафе ќе бидат затворени, додека во рестораните ќе се служи само храна.
Радиостаниците и другите медиуми до 18:00 часот по локално време не ќе може да објавуваат вести, прогнози и коментари за изборите, како и за резултатите на изборите.
Радиостаниците и другите медиуми во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе може да објавуваат вести и соопштенија на ЈСК во врска со изборите.
Сите емитувања по 21:00 часот по локално време ќе бидат слободни, но со можна одлука на ЈСК, вестите и соопштенијата во врска со изборите ќе може да се емитуваат и пред 21:00 часот.
- Еколошка кампања
Кампањата која започна пред речиси 2 месеца беше сцена на изборен натпревар во демократска средина.
Во тој период, стотици илјади лица, кои се собираа на јавните простори за митинг, оддадоа слика за демократија.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред изборите, на проширениот состанок на областните претседатели на Партијата на правдата и развојот (АК Партијата), изјави дека АК Партијата, со локалните избори на 31 март 2019 година, ја започнува кампањата во која во потполност ги отстрануваат буката и акустичното загадување како метод на пропаганда, со што предизборната кампања доби друга димензија.
Откако „еколошката кампања“ започната од АК Партијата беше поддржана и од останатите партии, за време на предиборната кампања не можеше да се забележат голем број флаери, брошури и слични предизборни материјали.
По воведувањето на Законот за наплата на пластичните кеси во маркетите, поголемиот број партии на избирачите им даруваа платнени кеси со отпечатен лик на партискиот кандидат и лого на партијата.
- Демократска изборна трка
Покрај платнените торби, некои кандидати делеа различни промотивни материјали, како што се маички, чаши, лепези, со цел да го привлечат вниманието на избирачите. Народот позитивно ги прифати активностите на различни партии чии штандови беа поставени едни до други и на демократски начин ги водеа своите кампањи.
Еден друг пример дека предизборната кампања измина во демократска средина е примерот во кој на 28 март 2019 година (четврток) во 15:58 часот по локално време, различни партии, едни до други, отворија изборни центри за координација.
Активна алатка за кампања која ефикасно се користеше за време на овие избори повторно беа социјалните мрежи. Дел од кандидатите за градоначалници на општини своите изборни видеа и ветувања ги презентираа пред своите избирачи со посредство на социјалните мрежи, додека други кандидати беа само гости на каналите кои емитуваат програма преку социјалните мрежи.