Gökhan Zobar
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
ЕДРИНЕ (AA) – Џамијата „Селимије“ во Едрине, во Турција, која се наоѓа на листата на УНЕСКО на светското наследство, за седум месеци ја посетија 1,5 милион лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Кабинетот за култура и туризам, Едрине Ахмет Хаџиоглу, изјави дека домашните и странските туристи сè повеќе покажуваат интерес за џамијата која се смета за ремек-дело на Мимар Синан.
Хаџиоглу рече дека „Селимије“ во првите седум месеци во 2017 година ја посетиле 1,22 милион туристи, додека оваа година таа бројка е речиси за 20 отсто поголема.
„Профилот на посетителите на „Селимије“, значително се смени, откако се наоѓа на листата на УНЕСКО. И домашните и странските туристи покажуваат голем интерес за неа“, рече Хаџиоглу.
Додаде дека многумина турски државјани кои живеат и работат во странство, порано само поминувале низ Едрине, а сега и престојуваат во овој град.
„Поставивме штандови на граничните премини. Поделивме промотивни материјали за туристичкиот сектор и Ердине. Така обезбедивме во Едрине да дојдат зголемен број посетители“, изјави Хаџиоглу.