Jeyhun Aliyev
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денес изјави дека Министерството за здравство ќе вработи нови 12.000 здравствени работници како дел од мерките на земјата за борба против епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството ќе вработи 7.000 медицински сестри, 1.700 акушерки, 2.864 здравствени техничари во 14 различни области“, напиша Коџа на Твитер.
Вработувањата ќе бидат извршени по онлајн аплицирање и ќе бидат распоредени според нивните струки, без процесот на интервју.
„Овие вработувања ќе нè зајакнат во тешките денови на нашата борба со пандемијата“, изјави Коџа.
Министерот, исто така, кратко сподели детали за поднесувањето апликација и за процесот на вработување.
Од почетокот на оваа недела, Турција воведе делумен полициски час за викендот од 20:00 часот до 10:00 по локално време.
Вчера во Турција беа регистрирани 6.713 нови случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Вкупниот број случаи се искачи на 453.535, додека 3.254 пациенти се излекувани во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на оздравени се искачи на 377.891. Бројот на починати се зголеми за 153 и вкупно изнесува 12.511.
Во земјата досега се спроведени над 17,4 милиони тестирања за Ковид-19.