Seda Sevencan
18 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Турција денеска ја одбележува 70-годишнината од своето членство во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое се вели: „За време на ерата на Студената војна и потоа, Турција беше една од одговорните и водечки членки на Алијансата.“
„Покрај улогата која ја одигра во одбраната на границите на НАТО, Турција даде голем придонес и со своите мисии и операции, а во согласност со основните вредности на Алијансата и преку нејзините принципиелни и визионерски пристапи, беше меѓу водечките сојузници што го означуваа курсот за НАТО.“
„Во овој период кога се разговара за НАТО 2030, од една страна, и соочување со сеопфатни безбедносни предизвици од друга страна, нашата земја го прави својот удел во однос на одбраната и безбедноста, притоа давајќи значаен и вистински придонес во процесот на промена и трансформација во НАТО“, додаде.
„Турција ќе биде одлучна во продолжувањето на напорите, особено во борбата против сите форми и манифестации на тероризам кои се закануваат не само на земјата туку и на целиот Евроатлантски Регион, како и во заштитата на безбедноста и стабилноста со пристап од 360 степени“, се вели дополнително во соопштението.
„Во овој поглед, очекуваме нашите сојузници да покажат единство и дух на солидарност кои го сочинуваат темелот на НАТО“, се додава во соопштението.