Sarp Özer
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
АНКАРА
Граничните единици при Турските вооружени сили (ТСК) на сириската граница фатија припадник на терористичката организација ДЕАШ кој се бара со црвена потерница, при обид да влезе во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
Според соопштението, откриено е едно лице кое се обидело на илегален начин да влезе од Сирија во Турција во зоната која била под одговорноста на граничната караула Алсанџак во турската област Килис.
Како што се наведува, откриено е дека А.Р.С. со потекло од Узбекистан фатен од страна на граничните единици при Командата на копнените сили, бил припадник на терористичката организација ДЕАШ, и дека бил баран со црвена потерница.
Во тек се процедурите за терористот во Републичкото главно обвинителство во Килис.