Mehmet Yavaş
15 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Ајваџик во близина на Чанаккале фатени се 16 мигранти кои илегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, екипите на турската жандармерија на локацијата Бехрамкале запреа две такси возила со сомнителни лица.
Во такси возилата се пронајдени 16 лица, меѓу кои имало и жени и деца, а се работи за 12 државјани на Иран и четири државјани на Авганистан.
Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странци, а такси возачите се приведени.
Егејското и Средоземното море често се дле од рутата на мигрантите во потраата за подобар живот. Меѓутоа, нивниот пат на надеж често завршува со смртна последица.
Во двете несреќи во Средоземното море, помеѓу Либија и Италија, кои се случија кон крајот на декември минатата година, смртно страдаа околу 100 мигранти, и со тоа бројот на загинатите во Медитеранот во 2016 година беше поголем од 5.000.
Претходно официјалните лица на ОН ја прогласија 2016 година за најсмртоносна за мигрантите.