Mehmet Yavaş
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Ајваџик, во близина на турската област Чанаккале, фатени се 58 странски државјани кои илегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до коишто дојде АА, тимовите на турската жандармерија извеле акција на локацијата Гемедере Чаји, во близина на Ајваџик, и фатила најмалку 58 лица, а станува збор мигранти со потекло од Сирија, Еритреја, Конго и Иран.
Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странци.
Егејското и Средоземното Море се дел од рутата на мигрантите во потрагата по подобар живот. Меѓутоа, нивниот „пат на надежта“, често завршува со смрт.
Во двете несреќи на Средоземното Море, меѓу Либија и Италија, што се случија кон крајот на декември минатата година, настрадаа околу 100 мигранти, со што бројот на загинати во Средоземното Море во 2016 година надмина 5.000.
Претходно, претставници на Обединетите нации (ОН) ја прогласија 2016 година како најсмртоносна година за мигрантите и потсетија дека во 2015 година во Средоземното Море смртно настрадале 3.771 мигрант.