Özgün Tiran
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
КИРКЛАРЕЛИ (AA) - Во близина на турската западна провинција Киркларели фатени се 50 мигранти кои се обидувале преку илегални патишта да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската жандармерија открија три групи луѓе кои се подготвувале преку илегални патишта да преминат во Европа. Фатени се во близина на граничниот премин Дерекој, а веќе имаа обезбеден превоз за Бугарија.
Станува збор за државјаните на Авганистан и Сирија. Мигрантите се префрлени во локален Центар за враќање странци.