Erdoğan Çağatay Zontur
11 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
АДАНА (АА) - Најмалку 14 лица се притворени во турската јужна област Адана под сомнение за измама во корист на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Осомничените собирале нелегални такси преку закани, употреба на сила и насилство во корист на ДЕАШ“, се вели во соопштението на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Адана.
Меѓу фатените терористи се наоѓа и осомничениот терорист идентификуван како М. О., кој носел одлуки за групата.
Полицијата за време на антитерористичките операции заплени пари, оружје и организациски и дигитални документи.