Hüseyin Ünlüsoy
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АФИОНКАРАХИСАР (АА) - Учениците од Сандикли во Турција својот џепарлак и играчките ги донираа за децата од сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците од основните училишта во Сандикли, во рамките на хуманитарната акција „Да не умре човечноста во Алепо“, во организација на општина Сандикли и здружeнието „Хајрат“, одлучија да го донираат својот џепарлак и играчките за децата од Алепо.
Учениците заедно со учителите го посетија главниот плоштад во градот за да донираат пари во Центарот за собирање прилози за децата од Алепо.
Организаторите на хуманитарната акција за овој симболичен гест на учениците им поделија балони.
Градоначалникот на општина Сандикли, Мустафа Кол изјави дека ја започнале кампањата за собирање средства за помош на луѓето од Алепо, а особено за децата, и додаде дека жителите на овој турски град масовно ја поддржаа хуманитарната акција.