Dildar Baykan
23 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турција остро ја осуди одлуката на парламентот на Кралството Холандија, која тврдeњата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарече „геноцид", јавува Anadolu Agency (AA).
„Остро ја осудуваме одлуката на парламентот на Кралството Холандија, со која тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарече 'геноцид'. Неоснованата одлука донесена од страна на парламентот на земјата, да ги затвори очите пред геноцидот во срцето на Европа, во Сребреница, чија болка уште не спласнала, нема место ниту во историјата, ниту во поглед на правдата. Затоа, таквата одлука не е правно обврзувачка", се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Се додава дека ставот на Турција во однос на настаните од 1915 година е втемелен врз основа на историски факти и правни норми.
„Утврдената судска пракса во европското право и одлуки на Европскиот суд за човекови права во таа смисла ја потврдуваат нашата правичност. Од друга страна, потсетуваме на соопштението од страна на Владата на Кралството Холандија, која наведе дека нема да го спроведе толкувањето на Претставничкиот дом во врска со геноцидот, како и дека учествувањето на комеморацијата во Јереван не значи дека настаните од 1915 година се прифатени како геноцид", се вели во соопштението.
Потсетуваме, парламентот на Холандија тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарече „геноцид".
Предлог одлуката со која тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарекуваат „геноцид врз Ерменците", ја прифатија 142 пратеници, додека тројца пратеници гласаа против.
Против предлогот гласаа само пратениците на партијата DENK, која ги штити малцинските муслимански и турската заедница во таа земјата.
Предлогот за ова прашање пред парламентот го изнесе Џоел Вурдевинд, пратеник на партијата Христијанска унија (ChristenUnie).