Ali Murat Alhas
02 Август 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
АНКАРА (АА) - Терористка на ПКК која се наоѓаше на листата на барани терористи од Турција, им се предаде на турските безбедносни лица, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека терористката е идентификувана како Селма Огуз, под кодното име Ројен Дирен.
Таа била повредена на 27 јули за време на антитерористичка операција во областа Битлис во источна Турција, во која тројца други терористи беа неутрализирани.
Турските власти честопати го користат терминот „неутрализиран“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или се заробени.
Огуз беше повредена за време на операцијата, при што го спуштила оружјето и се предала на антитерористичките единици.
Терористката се наоѓаше на листата барани терористи на Министерството за внатрешни работи, со понудена парична награда во износ од 300.000 турски лири (53.000 долари) за информација која може да доведе до нејзино фаќање.
Според неодамнешниот извештај на Министерството за внатрешни работи, сè повеќе терористи на ПКК го спуштаат оружјето и се предаваат поради зголемен притисок од страна на Турските вооружени сили (ТСК), потпомогнати од вооружени беспилотни летала.
Турција обично стапува во контакт со членовите на семејството на терористите, за да помогнат во реализацијата на нивното предавање.
„Над 400 терористи на ПКК се предадоа во изминатите три години, откако беа принудени од страна на турските официјални лица или членовите на семејството“, се вели од турското Министерство за внатрешни работи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца.