Турција

Турција: Протест на семејствата против ПКК и за време на бајрамските празници

Семејствата продолжуваат со протестите против ПКК пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, југоисточна Турција и за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Havva Kara Aydın  | 04.08.2020 - Обновена : 05.08.2020
Турција: Протест на семејствата против ПКК и за време на бајрамските празници

ДИЈАРБАКИР

Семејствата продолжуваат со протестите против ПКК пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, југоисточна Турција и за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Протестот, кој влегува во 336. ден, започна на 3 септември минатата година во Дијарбакир кога мајките Февзије Четинкаја, Ремзије А. и Ајшеѓул Б. тврдеа дека нивните деца биле принудно регрутирани од терористите на ПКК.

Протестот пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, за која се тврди дека е поврзана со ЈПГ/ПКК, расте од ден за ден со учество на се повеќе луѓе.

Демонстрантите ветија дека ќе продолжат сѐ додека сите семејства не се сретнат со своите деца.

Држејќи во рака фотографија на нејзиното киднапирано дете, Солмаз Овунч, една од мајките, рече дека ќе продолжи да протестира сѐ додека не се врати нејзиниот син Баран.

„Сакам мојот син да се врати од ХДП. ХДП, мора да го вратат мојот син, токму како што и го зедоа“, рече таа

„Не можев да го видам син ми како расте. Ако тие ХДП и ПКК имаат совест, сочувство и страв од Алах, ќе му дозволат на моето дете да се врати “, рече таа, додавајќи дека изминале 11 месеци од почетокот на протестите пред седиштето на ХДП, додавајќи дека таа не би се откажала дури и ако поминале 11 години.

Повеќето земји со муслиманско мнозинство ширум светот, вклучително и Турција, во моментов го прославуваат четиридневниот муслимански празник Курбан Бајрам.

Шевкет Алтинташ, кој исто така протестира, изјави дека неговиот син бил киднапиран пред шест години.

„Ми недостига прославувањето на празникот заедно со мојот син. За жал, тие направија да го прославуваме празникот на овој начин. Нашиот празник стана отров“, изјави тој.


- ХДП им се заканува на семејствата што протестираат

Уште еден демонстрант, Челил Бегдаш, кој протестира за својот син Јусуф, изјави дека администраторите на ХДП му се закануваат велејќи „Сѐ уште не си мртов. Би требало да бидеш мртов“.

Тој ги тужел во канцеларијата на јавниот обвинител во Дијарбакир, тврдејќи дека исто така му се заканувале и тројца луѓе во црн автомобил, кога одел кон својот дом.

„Ми рекоа да не одам пред седиштето на ХДП и ми се закануваа велејќи ‘Ако одиш таму, ќе направиме што е потребно’.“

Тој нагласи дека не стравува поради заканите и ќе продолжи одлучно да демонстрира.

Лицата во Турција поврзани со терористички групи кои се предаваат имаат право на евентуално намалување на казната според законот за покајание.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.