Burak Akay
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - БУРАК АКАЈ - За време на ископувaња во местото Гокчеада во Чанаккале, во северозападниот дел на Турција, пронајден е градежен комплекс составен од неколку простории, стар околу 7.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Ископувањето започна во 2009 година, и го предводи професорот од Универзитетот Тракија Бурчин Ердогу.
Ердогу изјави дека за време на овогодишните ископувања дошле до значајни откритија.
„За време на ископувањата во 2017 година пронајдовме многу важен градежен комплекс од 7-8 простории”, изјави Ердогу.
Тој додаде дека истражувањата ќе бидат продолжени бидејќи станува збор за еден непознат процес и период во западна Анадолија.
Ердогу изјави дека за време на истражувањата пронашле и голем број на јами, како и тоа дека во една од нив е пронајден поголем број на човечки костури.
„На подрачјето на ископување имаше многу јами. Во една од нив се пронајдени 13 костури, меѓу нив мажи, жени и деца. Костурите беа оставени во јамата. Тоа беше изненадување за нас. Бидејќи во тој период, дали да станува збор за западна Анадолија или Грција, гробиштата и човечките костури не доаѓаат под рака. Имаме многу среќа кога станува збор за тоа. Првпат се сретнавме со едно такво откритие”, изјави Ердогу.
Се претпоставува дека по смртта на едно лице, се редени камења и така понатаму.
„Ова е или бил начин на погребување, или до тоа дошло поради катастрофа. Не можеме да знаеме точно”, изјави Ердогу, кој додаде дека ќе се направи ДНК анализа за да дознаат со што се сретнале.
Тој изјави дека ќе анализираат дали тие лица биле во родбинска врска, од каде потекнуваат, на кој народ припаѓаат и слично.