Cemil Murat Budak
30 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
АНКАРА / ИСТАНБУЛ
Во Турција се уапсени најмалку 28 луѓе откако се издадени налози за апсење на 31 осомничено лице поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акциите се истовремено изведени во неколку турски градови меѓу кои и Истанбул.
Биро за тероризам и организирани криминал на државното обвинителство издаде налог за апсење на 31 студент кои биле поврзани со ФЕТО, додека студирале на Полициската академија.
За време на претресите на адресите одземен е голем број на докумeнти и дигитален материјал.
Соопштено е дека се продолжува постапката против приведените лица и дека се работи на фаќање на тројца осомничени кои се во бегство.
Во истрагата за „структурата на приватните служби“, главното обвинителство во Анкара издаде налог за притвор на 78 осомничени лица по истрагата спроведена во 38 подрачја со седиште во Анкара.
Терористичката организација на Фетула (ФЕТО) одговорна е за крвавиот обиде за пуч во Турција, вечерта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичката организација која ја преводи Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), а чија екстрадиција Турција официјално ја побарала од САД.
Членовите на таа терористичка организација со години, со местење на испити, напредуваа во службата, инфилтирирајќи се така во државните институции. Потоа, најпрво во декември во 2013 година, следбениците на ФЕТО во правосудството со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи служеници.
Неколку години подоцна следеше крвавиот обид за државен пуч на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч кој го изведоа офицери кои ФЕТО ги инфилтираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само во Турција, туку и секоја друга држава во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа и турските службеници. Во текот на пучот во Турција убиени се 251, а ранети се 2,734 лица.