Ali Murat Alhas
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
АНКАРА (AA) – Турските безбедносни сили спроведоа заедничка акција ширум земјата и приведоа 2.612 лица кои ги бараа обвинители, објави Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Генералната дирекција за безбедност, Генералната команда на жандармеријата и Командата на крајбрежната стража ги здружиле силите во акцијата во која учествуваа 30.000 луѓе ширум Турција.
Според наводите на министерството, целта на акцијата е да се спроведе правда, борба против криминалците и да се одржи јавен ред и мир.
Меѓу приведените се лица кои се барани поради убиства, кражби, теленсни повреди, злоставувања, ограбувања, продажба на дрога и тероризам.