Турција

Турција: Приведени 25 воени лица за поврзаност со ФЕТО

- Во рамките на акциите утринава во Истанбул и седум други области, приведени се најмалку 25 осомничени, додека по останатите осум сè уште се трага.

Başak Akbulut Yazar  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Турција: Приведени 25 воени лица за поврзаност со ФЕТО

ИСТАНБУЛ 

Во рамките на истрагата против структурите на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), најмалку 25 лица беа приведени во претресите во осум турски области, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на истрагата која ја спроведува Републичкото обвинителство во Истанбул, издаден е налог за приведување на 33 осомничени кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО, а станува збор за се лица кои се инфилтрирале во турските вооружени сили. Станува збор за двајца активни припадници на Вооружените сили и 25 кои претходно беа суспендирани од службата.

Во рамките на акциите утринава во Истанбул и седум други области, приведени се најмалку 25 осомничени, додека по останатите осум сè уште се трага.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın