Halil Demir
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Приведено е осомничено лице, припадник на ДЕАШ, кое е фатено при истражување на воената зона во Истанбул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полициските екипи извеле акција во саботата на 20 февруари, во 2:10 часот по локално време, по добиеното известување дека „лице се искачило на дрво покрај воениот објект во Бахчелиевлер и ја надгледува војската“.
Екипите кои заминале на местото на настанот го фатиле Мохамед Јахја Е додека ја истражувал Командата на воената полиција на баталјонот Јенибосна. Утврдено е дека приведеното лице е припадник на ДЕАШ.
По прегледот на запленетиот дигитален материјал кој е пронајден при претресот на осомничениот, пронајдени се слики и документи поврзани со вооружената терористичка организација ДЕАШ.
Осомничениот по завршувањето на полициската постапка бил пренесен во суд, каде што му е досуден притвор.