Serkan Avci
14 Декември 2022•Ажурирај: 16 Декември 2022
МЕРСИН (АА) - Во турската област Мерсин се приведени осуммина осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни, операциите за фаќање на двајца други осомничени, продолжуваат.
Се истакнува дека осомничените фатени во Мерсин дале финансиска и логистичка поддршка за оваа терористичка организација и била активни во конфликтните зони.
Туркије во 2013 година беше една од првите земји кои ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација.
Од тој период, Туркије беше нападната неколкупати од терористичката организација, со над 300 убиени и стотици други повредени во најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади.
Како одговор на тоа, Туркије започна антитерористички напади во земјата и надвор од неа за спречување на понатамошните напади.