Ekipa
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ГАЗИАНТЕП - (АА) - Пред влезот на полициската управа во Газиантеп се случи престрелка во која е неутрализиран еден терорист. Продолжува истрагата дали терористот со себе носел или не носел експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Спроед добиените информации, пред влезот на полициската управа во Газиантеп, неутрализиран е еден терорист. По неговото неутрализирање, на местото на настанот се испратени екипи коишто вршат истрага на теренот.
Продолжува испитувањето на екипите дали неутрализираниот терорист со себе носел или не носел експлозив.
Во меѓувреме, по престрелката, полициските екипи вршат претрес во деловните објекти и зградите што се наоѓаат во околината на зградата на полициската управа во Газиантеп. Екипите во рамките на истрагата земаат отпечатоци од прсти од одредени места на кои претходно бил забележан осомничениот.