Ali Murat Alhas
01 Април 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
АНКАРА
Турското Министерство за надворешни работи денеска ги осуди тековните антитерористички напади во Мозамбик, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Остро ги осудуваме тековните терористички напади во областа Кабо Делгадо во северен Мозамбик уште од 24 март, им го пренесуваме нашето сочувство на роднините на оние што ги загубија своите животи и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“, се вели во соопштението на Министерството.
„Ја споделуваме тагата на народот и Владата на Мозамбик и се надеваме дека мирот и спокојството ќе преовладаат во регионот што е можно поскоро“, се додава во соопштението.
Милитантната група Ансар ал Суна, локално позната како Ал Шабаб, но без утврдени врски со вооружената милитантна група во Сомалија, направи хаос во северниот дел на Мозамбик од крајот на 2017 година, убивајќи стотици лица, раселувајќи ги заедниците и освојувајќи градови.
Терористичките напади досега однесоа над 2.000 животи, а околу 1,3 милиони луѓе се соочуваат со безбедносна криза. Речиси 670.000 луѓе се раселени.
Мозамбик добива поддршка од руски и јужноафрикански платеници против терористичката група што се појави во Кабо Делгадо лоцирана околу вредните извори на руда и природен гас во близина на границите на Танзанија.