Enes Kaplan
31 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Советот за национална безбедност на Турција (MGK) соопшти дека е неприфатливо некои земји да избегнуваат да ги испорачаат припадниците на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нивното испорачување го налага меѓународното право, но и резолуциите", се наведува во декларацијата објавена по состанокот на Советот за национална безбедност во Анкара.
Нагласена е и важноста од преземање потребни мерки против терористичките организации кои се закана по мирот и безбедноста на земјата.
„Зачувувањето на безбедноста на јужните граници на Турција претставува дел од напорите во рамките на борбата против тероризмот", се наведува во декларацијата.
Советот за национална безбедност на Турција повторно апелираше на престанување на странска поддршка на терористичките групи и порача дека ќе биде продолжена борбата против сите терористички организации.
„Турција ќе го задржи својот став во врска со зачувувањето на сегашниот статус во Идлиб, имплементацијата на мапата на патот за Мунбиџ како и спроведување на договорот на подрачјето источно од Еуфрат", се додава во декларацијата на Советот за национална безбедност на Турција.