Muammer Coşkun
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Висечкиот мост изграден во турскиот град Кахраманмараш го привлекува вниманието на посетителите со неговиот облик, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Општина Андирин, Баки Тезџан, во изјава за медиумите, истакна дека проектот за овој мост во подрачјето на Андирин, кој е долг 350 метри и широк 2,5 метри, датира од пред четири години, додека неговото монтирање е извршено за шест месеци.
Тезџан рече дека мостот е изграден за пешаци, но дека е соодветен и за возила. Тој нагласи дека со изградбата на мостот, ова туристичко подрачје доби еден нов симбол.
„Нашиот мост привлекува големо внимание“, рече Тезџан, укажувајќи на плановите за претворање на подрачјето во атракција на Турција.
„Покрај природните убавини, и историските калиња го привлекуваат вниманието на туристите“, додаде тој.
„Столбовите на овој мост“, истакна Тезџан, „наликуваат на минаре, и мостот има капацитет да носи 1.200 тони“.
Голем број посетители доаѓаат за да го фотографираат мостот.