Sena Güler
31 Мај 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
АНКАРА (AA) – Турција ги демантираше извештаите во кои се тврди дека Анкара разгледува одложување на набавката на рускиот противвоздушен систем „С-400“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Извештајот на одредени медиуми во последните денови, во кои се вели дека Турција разгледува одложување на набавката на „С-400“ на барање на Соединетите Американски Држави е неоснован. Нашиот процес на набавка на „С-400“ оди според планот“, рече Хами Аксој, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција.
Тој, исто така, нагласи дека понудата на Турција да се формира работна група со САД за да се разговара за набавката на „С-400“ и понатаму е во сила.
По пропаднатите преговори за купување на американскиот противвоздушниот систем „Патриот“, Турција во 2017 година одлучи да купи од Русија софистициран „С-400“. Таквиот потег на Анкара предизвика негодување на Вашингтон.
Низа американски воени функционери и аналитичари бараат од САД да не ѝ испорачува на Турција авиони „Ф-35“, доколку Турција добие руски системи „С-400“. Тврдат дека така Русија индиректно би можела да ги добие клучните параметри за американските бомбардери.