Faruk Zorlu
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ИЗМИР
Турските обвинители издадоа налози за апсење за 82 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во западен Измир и централна Коња издадоа налози за апсење на осомничените низ Турција, како дел од истрагата за тајната мрежа на терористичката група во војската“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Меѓу осомничените, за кои беше откриено дека комуницирале со тајните имами на ФЕТО преку говорници, се наоѓале војници на должност во копнените, воздушните и поморските сили.
Полицијата спроведе повеќе истовремени акции низ земјата за да ги фати осомничените.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.