Турција

Турција: Издадени налози за апсење на 47 припадници на ФЕТО

Меѓу осомничените лица се наоѓаат полковници на должност, потпоручници, наредници и пензионирани наредници

Ali Murat Alhas  | 23.07.2019 - Обновена : 23.07.2019
Турција: Издадени налози за апсење на 47 припадници на ФЕТО

АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 47 осомничени лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

По издадените налози, антитерористичките единици извршија рација во домовите на осомничените низ 24 области и уапсија 31 од нив. Операцијата за пребарување заради апсење на осомничените е во тек.

Меѓу осомничените лица се наоѓаат полковници на должност, потпоручници, наредници и пензионирани наредници.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın