Merve Aydoğan
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
АНКАРА/КОЊА (АА) - Претставник на суд во Турција изјави дека турските власти денес издале налози за приведување на повеќе од 130 лица, припадници на терористичката организација ФЕТО. Меѓу нив има и припадници од сегашниот и поранешниот воен персонал на турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на јавниот обвинител во Коња издадени се налози за апсење на 70 припадници на ФЕТО, вклучувајќи 58 поранешни и сегашни војници.
Изворот кој зборуваше под услов да остане анонимен, истакна дела полицијата спроведе истрага во 27 турски области, како дел од операциите кои се спроведуваат низ земјата.
Дванаесет од осомничените војници се претходно отпуштени од војската.
Од канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара во 12 области се издадени налози за апсење на 67 лица за кои постои сомневање дека се припадници на ФЕТО.
Помеѓу осомничените се наоѓаат седум раководители на поранешната Конфедерацијата на синдикати на работниците „Aksiyon“ поврзана со ФЕТО и 15 корисници на апликацијата „ByLock“ (БајЛок), која беше користена за комуникација меѓу припадниците на ФЕТО, пред и по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година.
Полициски извори, кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека 33 од нив се уапсени.
Во тек е операцијата за приведување на останатите лица.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар од на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено војската, полицијата и судството.