Dilara Hamit
12 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските и американските вооружени сили денеска го започнаа својот четврти заеднички хеликоптерски лет за планираната безбедносна зона источно од реката Еуфрат во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Два турски и два американски хеликоптери полетаа од Акчакале во Шанлиурфа, југоисточна Турција, каде што вооружените сили на двете земји имаат заеднички оперативен центар.
Тие летаа до сириската страна на границата.
Вооружените сили на земјите претходно извршија три заеднички хеликоптерски летови и копнена патрола.
На 7 август, турските и американските воени претставници се согласија да формираат безбедносна зона во северна Сирија и да формираат мировен коридор за да го олеснат движењето на раселените Сиријци кои сакаат да се вратат дома. Тие, исто така, се согласија да формираат и заеднички центар за операции.