Burak Dağ
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турција започна нова фаза од антитерористичката операција во источната област Бинѓол, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството истакнува дека операцијата „Јилдирим-6“ е започната за целосно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација [ПКК] и за неутрализирање на оние што се кријат во овој регион.
Во операцијата учествуваат 700 припадници на безбедносните сили, вклучително и сили од единиците на жандармеријата за специјални операции и полицијата.
Претходно, на 12 август, беше започната операцијата „Јилдирим-5“ за неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.
Од Министерството соопштија дека во досегашните фази на операцијата „Јилдирим“ неутрализирани се најмалку 22 терористи, уништени се 31 пештера, засолништа и складишта, а во запленета е голема количина на оружје и муниција, како и други резерви.
Турското МВР нагласи даде дека акцијата, со поддршка на јавноста, продолжува без запирање.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на скоро 40.000 луѓе, меѓу кои жени и деца.