Fatih Mehmet Kürkçü
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
САМСУН (АА) - ФАТИХ МЕХМЕТ КУРКЧУ – „Градот на мачките“ во турскиот град Самсун и овој Бајрам го посетија голем број посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Во „градот“, кој се наоѓа во шумско подрачје со површина од 10.000 квадратни метри, се наоѓаат бунгалови и простор за игра и јадење, живеат околу 800 улични мачки.
Освен тоа, постои можност за вдомување или едноставно пружање помош на животните кои се наоѓаат тука.
Ветеринарот кој работи тука, Четин Килинч, за АА изјави дека се многу задоволни од вниманието кое љубителите на животните им го покажуваат.
„Оној кој ги сака луѓето ги сака и животните. Оној кој ги сака животнтие, ги сака и луѓето. Мачките се суштества кои сакаат да живеат со луѓето. Среќни се кога ќе видат луѓе“, изјави Килинч кој додаде дека инаку дневно местот го посетуваат со десетина љубители на животните, додека за време на празниците има трипати повеќе посетители.
Јелиз Јилдирим која со децата го посети „Градот на мачкит “, живее во Њујорк, а во Турција е за да го помине празникот со своето семејство.
„Многу ги сакаме животните, поради што сакавме со децата да го посетиме местото. И на нив, како и на луѓето им е потребно сочувство и заштита“, изјави Јилдирим која е среќна што еден ваков центар се наоѓа во градот Самсун.
Еда Челикал, посетителка на овој „ град“, изјави дека ги сака животните и смета дека не треба да се остават сами.
Зафер Ерзурум, член на Здружението на волонтери за заштита на животните во Самсун, заедно со колегите донесе храна за животните.
„Топлата рака на човекот и љубовта за нив се нешто посебно. Тука имаше една мачка која околу нас одеше еден час. Мислевме дека е гладна, но не беше. Ѝ дадовме храна, не сакаше да јаде. Изгледа дека ѝ било потребно само внимание, што ѝ го пруживме“, додаде Ерзурум.