Турција

Турција домаќин на шефовите на дипломатиите на Романија и Полска

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, заедно со неговиот романски и полски колега ќе разговара исто така и за соработката во областа на одбраната и безбедноста

Erdoğan Çağatay Zontur  | 18.04.2019 - Обновена : 19.04.2019
Турција домаќин на шефовите на дипломатиите на Романија и Полска

АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска, утре ќе се состанат во Анкара за политичко-воени консултации, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

„На состанокот ќе се оценува исходот од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој беше одржан во Вашингтон, на 4 април 2019 година, по повод 70-годишнината на НАТО, и ќе бидат разгледани и подготовките за Самитот на лидерите кој ќе се одржи до крајот на оваа година“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, заедно со неговиот романски колега Теодор Малескану и полскиот колега Јацек Чапутович, ќе разговара исто така и за соработката во областа на одбраната и безбедноста.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.